Соопштенија

07 февруари 2018

Термин за испит по предметите кај Проф. д-р Сашо Панов на 07.02.2018г.

Во согласност со одлуката на Деканатската управа за организирање дополнителен ден сесија на  07.02.2018 година (среда), испитот по предметите кај Проф. д-р Сашо Панов ќе се одржи со почеток од 12часот. 


29 јануари 2018

Презентација на компанијата „Лек“ и на Хемискиот институт од Љубљана, Р. Словенија

На ден вторник, 13.02.2018 во 13 часот во физичкиот амфитеатар на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи презентација за кариерни и научно-истражувачки можности за идни дипломанти од сферата на природните науки од страна на две институции од Република Словенија:

1. Lek Pharmaceuticals d.d., член на групацијата Sandoz (www.lek.si/en)

2. Хемиски институт - Љубљана (https://www.ki.si/en/)

Целта на презентацијата ќе биде претставување на овие две институции, нивната позиција во Република Словенија и можностите за идна кариера и научно-истражувачка работа кои тие ги нудат за студентите на ПМФ. Дополнително, ќе биде промовиран престојниот Регионален Биокамп 2018 кој ќе се одржи помеѓу 27-29 мај во Љубљана, Словенија, а на кој учество можат да земат сите студенти од ПМФ. (https://www.lek.si/en/careers/biocamp/biocamp-2018/). Презентацијата ќе трае 45 минути, а говорници ќе бидат:

1. Нина Битенц - Проектен координатор во Хемиски институт - Љубљана.

2. Даниел Јаневски - Раководител на сектор за лекови без рецепт.      

3. Огнен Јакасановски, студент на Фармацевтски факултет – УКИМ, моментално на академска пракса во компанијата Лек во Љубљана.

Презентацијата ќе се одвива на македонски и англиски јазик. Сите заинтересирани студенти се добредојдени!


23 јануари 2018

Резултати од практичниот дел од испитот по предметите „ОПШТА ФИЗИОЛОГИЈА“ и „ОПШТА ФИЗИОЛОГИЈА 2“

Се замолуваат студентите да дојдат да ги погледнат своите тестови во лаб. 78.

(На повеќето тестови не е запишан бројот на индекс на студентот кој полагал. Затоа, поради заштита на приватноста на студентите, резултатите не може да бидат објавени на веб сајтот на Институтот)


29 декември 2017

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАВЕРКА И УПИС НА СЕМЕСТАР

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР И УПИС НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА

(погледнете го приложениот документ)

симни документ


26 декември 2017

Соопштение за зимскиот испитен рок во учебната 2017/2018 година.

Погледнете го приложениот документ.

симни документ


15 декември 2017

Покана за Денот на Природно-математичкиот факултет во Скопје - 18.12.2017 год.

Покана по повод Денот на Природно-математичкиот факултет и свеченото доделување на дипломи на студентите кои дипломирале во текот на 2017 год.

симни документ


14 декември 2017

Систематски прегледи

Соопштение за систематски преглед на студентите од ПРВА година во учебната 2017/2018 год.

симни документ


14 декември 2017

Дипломирани студенти - втор циклус

Список на дипломирани студенти на ВТОР циклус студии 2017 год.

симни документ


14 декември 2017

Дипломирани студенти - прв циклус

Список на дипломирани студенти на ПРВ циклус студии 2017 год.

симни документ


05 декември 2017

Термини за полагање на втор колоквиум по предметот ОСНОВИ НА МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА кај проф. д-р Сашо Панов 

  • за студенти од сите насоки кои го презапишале предметот на 13.12.2017г (понеделник) од 11ч.
  • за студенти кои го запишале предметот за прв пат : еколошка и наставна насока на 11.12.2017г (понеделник) од 14ч  и  насоките молекуларна биологија и биохемија и физологија на 20.12.2017г. (среда) од 13:30ч.

© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.