Втор циклус (магистерски студии)

Биохемија и физиологија (акредитација 2023 год.)

2 циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити

Студиската програма на вториот циклус академски студии по Биохемија и физиологија е едногодишна академска програма од 60 ЕКТС и е наменета за едукација и оспособување на добро обучени, теоретски и практично едуцирани кадри со звање Магистер по биохемија и физиологија. Поконкретно, овој кадар е оспособен за успешно воведување, стандардизирање и изведување на квантитативни и квалитативни техники и анализи на биолошки (микробиолошки, растителен, животински и хуман) материјал. Се очекува кандидатите од овој студиум да бидат обучени квалитетно да се вклучат во реализација на истражувачката и апликативната дејност, особено во биохемиските, физиолошките, биотехнолошките, микробиолошките, и сродните на нив области. 

Студиската програма дава можност за понатамошна едукација на повисоко ниво т.е. трет циклус студии (докторски студии) во различни области на биологијата и сродните научни дисциплини.

Стручен називМагистер по биохемија и физиологија; Master of Science in Biochemistry and Physiology

 

Подолу се наведени поважните информации за студиската програма. За подетални податоци, преземете го елаборатот за студиската програма.

Преземете го овде Решението за акредитација на студиската програма, издадено од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.

Преземете го овде Решението за почеток со работа на студиската програма, издадено од МОН на РМ.

 

Начин на финансирање

Кандидатите се запишуваат како редовни студенти со самофинансирање на студиите на Институтот за биологија. Школарината изнесува 2000€ (во денарска противредност според средниот девизен курс на НБРМ). Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд. Цената на кредитот при повторното запишување на предметите од вториот циклус на студии, кои не биле положени во предвидениот рок, е регулирана со Одлука донесена од страна на Стручниот совет на ИБ.

 

Услови за запишување

Условите и критериумите на конкурсите за запишување на студентите на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука. На студиите од вториот циклус на Институтот за биологија може да се запише лице со завршен прв циклус студии (со минимум 240) кредити, односно со завршени четиригодишни додипломски студии (VIA) на признати високобразовни установи во РМ, согласно позитивните законски прописи, или со нострифицирана диплома на територија на РМ доколку е издадена од Универзитет надвор од земјата.

Право на запишување имаат само кандидати кои го завршиле првиот циклус студии со среден успех над 8,00. Кандидатите со просек под 8,00 можат да се запишат на втор циклус на студии по биологија само доколку имаат објавено минимум два (2) научни трудаод соодветната област, објавени во научно списание во кое трудовите подлежат на рецензија.

Освен кандидати кои завршиле додипломски студии, односно прв циклус студии на Институтот за биологија и на двопредметните студии по биологија-хемија при Природно-математичкиот факултет, можат да се запишат и студенти кои завршилестудии по хемија - аналитичка биохемија, медицина, фармација, стоматологија, ветерина, земјоделство (соодветна студиска програма), шумарство (соодветна студиска програма) и други сродни факултети.

Одлука за соодветност на студиите и насокитеза сите пријавени кандидати кои не завршиле додипломски студии т.е. прв циклус на студии на Институтот за биологија ќе донесе Стручниот совет на предлог на Наставно-научниот колегиум на студиската програма за втор циклус студии при Институтот за биологија, по принцип на застапеност на предмети во студиската програма од областа на биологијата.

Доколку на конкурсот за последипломските студии се јават поголем број кандидати од предвидените слободни места за запишување на одредена насока, предност за запишување ќе имаат кандидатите со повисок среден успех од додипломските студии, односно од студиите од прв циклус.

За странски државјани важат истите горенаведени одредби. Студиската програма не вклучува вонредно студирање.

 

Информација за продолжување на образованието

Магистрираните кадри на студиската програма по Биохемија и физиологија можат да го продолжат студирањето на веќе акредитираните насоки на третиот циклус студии на Институтот за биологија. Исто така можат да се запишат на трет циклус на некој од сродните факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и другите приватни и државни високообразовни институции во Република Северна Македонија или во странство.

 

Структура на студиската програма по Биохемија и физиологија

Структурата на студиската програма по Биохемија и физиологија на Институтот за биологија е дадена во следната табела (П - предавања, А - аудиториски вежби, Л - лабораториски вежби):

Реден   број

Код на предметот

Назив на наставниот предмет

Семестар

Неделен фонд на часови

ЕКТС

П

В

ПРВА ГОДИНА

1.

БХФ101

Задолжителен наставен предмет - Методологија на научно-истражувачка работа

I

3

3

6

2.

БХФ102

Задолжителен наставен предмет - Современи истражувања во биохемија и физиологија

I

3

3

6

3.

 

Изборен предмет за студии по биохемија и физиологија

I

3

3

6

4.

 

Изборен предмет за студии по биохемија и физиологија

I

3

3

6

5.

 

Изборен предмет за студии по биохемија и физиологија*

I

3

3

6

6.

БХФ103

Изработка и одбрана на магистерски труд

II

15

15

30

Вкупно часови (предавања/вежби) и број на ЕКТС-кредити во студиската година

30

30

60

*Покрај понудената листа на изборни предмети за студиската програма, студентите може да изберат и задолжителен или изборен предмет од листите на предмети од другите студиски програми кои се акредитирани на Институтот за биологија, ПМФ.

Студентите не смеат да полагаат повеќе од два предмети кај еден наставник.

На почетокот на студиската година на студентите ќе им биде доставена листа на предлог-теми за изработка на магистерска работа на ниво на Институтот за биологија. Студентите имаат право да изберат некоја од понудените теми или самите да понудат тема за изработка на магистерската работа, но во тој случај се должни и да обезбедат услови за изработка на темата (просторни, материјални и сл.).

 

Листа на изборни предмети

Листата на изборните предмети на студиите по Биохемија и физиологија е дадена во следната табела:

Реден број

Код

Назив на предметот

Семестар

Неделен фонд на часови

ЕКТС

Единица

П

В

1.

БХФ201

Одбрани поглавја од биохемија и физиологија

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

2.

БХФ202

Метаболички процеси

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

3.

БХФ203

Ензимологија

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

4.

БХФ204

Ендокринологија

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

5.

БХФ205

Биохемија и физиологија на одредени органи и ткива

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

6.

БХФ206

Биохемиско патолошки аспекти на органските системи

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

7.

БХФ207

Експериментален протокол: работа со анимални модели во биомедицинските истражувања

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

8.

БХФ208

Физиолошки процеси на стареење

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

9.

БХФ209

Целуларен имунитет

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

10.

БХФ210

Одбрани поглавја од биофизика на клетка

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

11.

БХФ211

Одбрани погавја од меѓуклеточни комуникации

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

12.

БХФ212

Одбрани поглавја од имунологија

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

13.

БХФ213

Секундарни метаболити кај растенијата

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

14.

БХФ214

Растителни in vitro култури

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

15.

БХФ215

Метаболички инженеринг на растенија

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

16.

БХФ216

Екотоксикологија

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

17.

БХФ217

Молекуларни основи на стресот

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

18.

БХФ218

Генетска трансформација на растенија

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

19.

БХФ219

Биоактивни  соединенија кај лековити растенија

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

20.

БХФ220

Одбрани поглавја од молекуларна биологија на растенија

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

21.

БХФ221

Екологија на опасни алги

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

22.

БХФ222

Примена на дијатомеите во екологијата и медицината

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

23.

БХФ223

Одбрани поглавја од популациона генетика

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

24.

БХФ224

Одбрани поглавја од генетика

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

25.

БХФ225

Одбрани поглавја од микологија

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

26.

БХФ226

Молекуларни основи на имуниот одговор

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

27.

БХФ227

Вектори на заразни болести

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

28.

БХФ228

Функционална хистологија

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

29.

БХФ229

Паразитологија

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

30.

БХФ230

Микробен метаболизам

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

31.

БХФ231

Одбрани поглавја од молекуларната биологија

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

32.

БХФ232

Генетски инженеринг

I

3

3

6

Институт за биологија, ПМФ

Вкупно:

 

 

 

 

© 2024. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.