Пензиониран персонал Круне Блажевски

Предмети



Биографија

Круне БЛАЖЕВСКИ, технички соработник, е роден на 12.8.1961 г., во с. Студена Бара, Куманово, Република Македонија. Средно образование завршил на отсекот за Санитарни техничари и Медицински лаборанти во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје (1976‒1980 г.). На Приридно-математичкиот факултет се запишува во 1981/82 г. на Институтот за биологија (тогашен Биолошки факултет). Дипломирал на насоката биохемија-физиологија во 1988 г., со просек 8,5. На ПМФ се вработува на 5.12.1996 г. како лаборант на Институтот за биологија, Зоолошкиот завод, Одделение за цитологија, хистологија и ембриологија на животни. Од 2011 г. е назначен за технички соработник на Институтот за биологија. Во рамки на институтот Блажевски Круне, учествува во техничка подготовкана вежби и предавања, како и техничка подготовка при изведување дипломски работи, магистерски и докторски дисертации. Исто така учествува со техничка помош при изведување практични испити и изготвување цитолошко-хистолошки препарати за изведување практична настава и испити по предметите вертебрата, типологија на животни и биологија со хумана генетика за студентите од Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет и се грижи за чување, одржување, средување и обновување на збирката животни за предметот типологија на животни 2.

© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.