Борче СТРЕЈОСКИ, технички соработник, е роден 8.1.1962 во Скопје, каде завршил основно и средно образование (гимназија „Јосип Броз Тито“). По завршувањето на средното образование, во учебната 1981/82 г. се запишува на студии по наставна насока, при ПМФ во Скопје. Дипломира на Катедрата по инвертебрата во 2011 г. На Институтот за биологија при ПМФ е ангажиран првенствено како лаборант по договор на дело во 2002 г., а во 2006 г. е примен во редовен работен однос на Катедрата по инвертебрата и вертебрата. Во 2011 г. е унапреден во технички соработник и опслужува повеќе катедри (Инвертебрата, Вертебрата и Одделение за виши растенија).
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 |
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |