In memoriam д-р Лав Лозински

Предмети



Биографија

Д-р Лав ЛОЗИНСКИ (1911–1983 г.), редовен професор, е роден во 1911 г. во Бјеловеж, Полска. Средното образование го завршил во Крушевац. Во 1941 г. дипломирал на ПМФ во Белград, на групата биологија, каде што останал волонтерски да работи во Заводот за физиологија кај проф. Иван Ѓаја. За успешно изработената тема, под наслов „Влијанието на температурата врз азотниот метаболизам“, проф. Лозински добил награда од тогашниот Универзитетски сенат во Белград. Неговата работа во Белград ја прекинува војната и во 1942 г. со своите родители доаѓа во Гостивар, каде што останува до 1945 г. Во 1946 г. е избран за наставник на Филозофскиот факултет во Скопје на групата биологија. Подоцна, по одвојувањето на ПМФ од Филозофскиот, тој останува во него до крајот на својот работен век и го достигнува највисокото наставно звање – редовен професор по предметот општа физиологија. Тој е прв наставник што ја организирал наставата по основните три дисциплини во Заводот за физиологија (општа физиологија, физиолошка хемија/биохемија и споредбена физиологија). Истовремено држел настава на Вишата педагошка школа по предметот анатомија и физиологија на човекот. Активно работел и на својата истражувачка работа, и тоа од областа на терморегулација. Како ретко кој, професорот Лозински ја популаризира биологијата преку многубројни јавни предавања насекаде низ Македонија. Учествувал активно на повеќе научни симпозиуми и конгреси во земјата и надвор од неа. Водел голем број дипломци, бил дописник на повеќе популарни списанија, а своите резултати од истражувачката работа ги објавувал во повеќе стручни списанија. Како признание за неговата активна работа доделени му се одликувањата Орден на трудот со златен венец, Орден на трудот со црвено знаме, Орден заслуги за народ со сребрени зраци, како и плакета на Универзитетот „Кирип и Методиј“ во Скопје.

© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.