Д-р Даница РОГАНОВИЌ-ЗАФИРОВА, редовен професор во пензија, е родена на 14 август 1949 г. во Шибеник. Осумгодишно училиште и гимназија завршила во Прилеп. На ПМФ во Скопје – група биологија, се запишала во учебната 1968/69 г., а студиите ги завршила во 1972 г. како најдобар студент во генерацијата. Во периодот од 1972 до 1975 г. престојувала во центарот за мултидисциплинарни студии на Универзитетот во Белград, како студент на постдипломските студии од областа на молекуларната биологија. Во 1974 г. се вработила на Медицинскиот факултет во Скопје во Институтот за патологија – оддел електронска микроскопија. Како резултат на одлични познавања од областа на електрон-микроскопската дијагностика, во коавторство има објавено над 60 научни трудови. Во периодот од 1979/80 г., како стипендист на Фулбрајтовата програма, престојувала во Институтот за Патологија во New England Medical Center, Tuft University, Бостон (САД), каде што била вклучена во научноистражувачки проект за примарните уроепителни тумори. Резултати од проектот се печатени во меѓународни списанија. Докторската дисертација „Компаративна студија врз ултраструктурата на фоликуларните клетки кај некои видови коскени риби“ ја одбранила во 1986 г. Во 1988 е избрана за доцент на ПМФ во Скопје за предметите цитологија на животни и молекуларна биологија. Во 1994 г. е избрана за вонреден професор по истите предмети. Од 1994 до 1997 г. престојува во Хидробиолошкиот завод каде што раководи со проект во врска со дејството на загаденоста на Охридското Езеро врз организмот на неколку видови риби. Со тоа започнува низа истражувања од областа на енвиронменталната патологија на рибите во која објавува околу 20 трудови и конгресни соопштенија. Во наставата на Институтот за биологија за првпат воведува курсеви од молекуларна биологија и воспоставува лабораторија од оваа област. За модернизирање на наставата има изработено практикуми и интерни скрипти.
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 |
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |