Д-р Митра ЈОВАНОВСКА, доцент во пензија, е родена во 1947 г. во Гевгелија. Основно образование и гимназија завршила во родното место. Во учебната 1965/66 г. се запишала на ПМФ во Скопје, група биологија. Студиите ги завршила во 1970 г. Од 1972 г. работи како стажант-приправник во Ботаничкиот завод на Институт за биологија при ПМФ во Скопје. На почетокот на 1974 г. е избрана за асистент по предметите генетика и општа биологија на Институтот за биологија. Во учебната 1974/75 г. се запишала на постдипломски студии по генетика на ПМФ при Универзитетот во Белград. Овие студии успешно ги завршила во 1981 г. со одбраната на магистерската работа под наслов „Сличности и разлике у генетичкој детерминацији развича појединих развојних ступњева Drosophila melanogaster“. Како асистент, д-р Јовановска одржувала вежби по предметите: генетика и анатомија и морфологија на растенијата (за студентите биолози), генетика и еволуција (за студентите на групата психологија од Филозофскиот факултет) и општа биологија со хумана генетика (за студентите на Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет). Докторската дисертација ја изработила на Катедрата за генетика и еволуција на ПМФ при Универзитетот во Белград. Дисертацијата под наслов „Варијабилност особина адаптивне вредности у зависности од брзине ембрионалног развича код Drosophila melanogaster“ успешно ја одбранила во мај 1991 г. Во 1992 г. д-р Јовановска е избрана за доцент по предметот генетика, а во 1997 г. заминува од работното место поради пензионирање.
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 |
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |