Д-р Момчило ЈАНИЌ, виш научен советник, е роден на 24 јануари 1945 г. во с. Матејче, Куманово. Основното училиште и гимназијата ги завршил во Куманово. Во учебната 1965/66 г. се запишал на ПМФ во Скопје група биологија. Студиите ги завршил редовно во учебната 1968/69 г. Во 1970 г. е избран за стручен соработник во Ботаничката градина на ПМФ во Скопје. Во 1972 г. се запишал на постдипломски студии на Сеучилиштето во Загреб на групата биологија, насока ботаника. Под менторство на акад. д-р Стјепан Хорватиќ, а подоцна и на д-р Љерка Марковиќ, ја изработил магистерската работа и успешно ја одбранил во 1976 г. Под менторство на д-р Будисав Татиќ, професор на Универзитетот во Белград, ја одбрал темата за докторска дисертација „Род Alchemila L. (подред Rosidae) у флори СР Македоније“ и успешно ја одбранил во 1982 г. во Белград. Во 1985 г. е избран за научен соработник во Ботаничката градина на ПМФ во Скопје. Во 1991 г. е избран за виш научен соработник.
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 |
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |