Соопштенија

19 март 2021

ТЕРМИНИ ЗА АПРИЛСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ПО ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ ПРОФ. Д-Р ГОРДАНА ДИМЕСКА 


Писмените испити кај проф. д-р Гордана Димеска ќе се одржат со физичко присуство, а практичниот испит ќе се одржи онлајн преку тестови.

 

Писмен испит - 12.04.2021, 10-12 часот и 13-15 часот, пријавување тука.

Практичен испит - 09.04.2021, пријавување тука.

Катедрата го задржува правото за прераспределување на студентите и воведување на дополнителни термини во случај на поголем број на пријавени студенти во дадените термини. Кандидатите кои што ќе се пријават за полагање на практичниот испит ќе добијат подетални информации околу начинот на полагање на нивните мејлови за контакт.


18 март 2021

ПРВ КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА СО ГЕНЕТИКА ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД НАСОКАТА АНАЛИТИЧКА БИОХЕМИЈА  

Терминот за полагање на првот колоквиум по предметот Молекуларна биологија со генетика за студентите од насоката аналитичка биохемија е:

-   22.3.2021 (понеделник)  од 17 часот.

Студентите кои ќе полагаат, треба да се пријават електронски на список. 

 За полагање ќе се користат онлајн-тестови. За да се потврди идентитетот на студентот и неговото доследно однесување во текот на полагањето, ќе биде потребно пред почетокот на тестот, како и во текот на полагањето, студентите да бидат вклучени со камера преку апликацијата Zoom. Информаците за состанокот на Zoom на кој ќе се одржи полагањето ќе бидат испратени е-маил адресите на оние студенти кои се пријавиле да полагаат на денот на полагањето. Корисничкото име и лозинката за најава на страницата на која ќе се полага тестот се поврзани со личната е-маил адреса и се генерираат автоматски од системот кој се користи за спроведување на онлајн-тестирањето. Студентите ќе ги добијат истите на состанокот на Zoom во терминот за полагање. Поради тоа, нема да биде дозволено да полагаат студенти кои не се на соодветниот список. 

Доц. д-р Славица Јосифовска   


26 февруари 2021

ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ИЗВРШЕНИ АДМИНИСТРАТИВНИ И ОБРАЗОВНИ УСЛУГИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОД.

Одлуката, која главно се однесува на запишувањето на семестарот, е достапна во прикачениот документ.

симни документ


15 февруари 2021

Експеримент во наставата по биологија - студии по биологија (наставна насока), двопредметни студии по биологија-хемија

Се известуваат студентите кои ќе го слушаат предметот Експеримент во наставата по биологија во летниот семестар во учебната 2020/2021 година дека првата средба е соглсно објавениот распоред. Средбата ќе се оджи на 16.02.2021 на Microsoft Teams со почеток во 13 часот на линкот Click here to join the meeting. Присуството е задолжително.


15 февруари 2021

Методика на наставата по биологија - студии по биологија (наставна насока), двопредметни студии по биологија-хемија


Се известуваат студентите од насоката студии по биологија (наставна насока) кои ќе го запишат предметот Методика на наставата по биологија во летниот семестар во учебната 2020/2021 година дека првата средба закажана за 16.02.2021 на Zoom во 10 часот се поместува соглсно објавениот распоред, според кој првиот термин за овој предмет е среда (17.02.2021). Средбата ќе се оджи на Microsoft Teams со почеток во 10 часот на линкот Click here to join the meeting. Присуството е задолжително.


11 февруари 2021

ТЕРМИН ЗА ЗЕМАЊЕ ОЦЕНКИ ПО ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ ПРОФ. Д-Р ЛЕНКА ЦВЕТАНОВСКА

Сите студенти кои немаат земено оценки и/или потписи кај Проф. д-р Ленка Цветановска, можат да го направат тоа на 15.02.2021 (понеделник), во 11 часот.


10 февруари 2021

РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТИТЕ ОДРЖАНИ ВО ВТОРА ДЕКАДА ПО ПРЕДМЕТИТЕ КАЈ ПРОФ. Д-Р ЛЕНКА ЦВЕТАНОВСКА

Резултати од теоретски испити одржани во втора декада, види тука.

Резултати од практични испити одржани во втора декада, види тука.


 


10 февруари 2021

ОДЛУКА ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА ВИСИНА НА НАДОМЕСТОЦИТЕ ЗА ИЗВРШЕНИ АДМИНИСТРАТИВНИ И ОБРАЗОВНИ УСЛУГИ

Почитувани колеги,

во приложениот документ наведена е висината на надоместоците за различни административни и образовни услуги извршени за непосредните корисници на факултетот. Од посебен интерес за студентите се ставките кои го дефинираат надоместокот за задоцнета заверка/запишување на семестар, издавање на уверение за положени испити, издавање на разни потврди итн.

Со почит,

Институт за биологија

симни документ


09 февруари 2021

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРАКТИЧНИОТ ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТИТЕ ОГ, АМР, КБ И ЦИТОЛОГИЈА, ПОЛАГАНИ ВО ВТОРА ДЕКАДА, ЈАНУАРСКО-ФЕВРУАРСКА СЕСИЈА 2021

Резултатите од практичниот испит одржан во втората декада од Јануарско-февруарската сесија може да ги најдете на следниов линк:

Резултати од практичен испит

 

НАПОМЕНА: Колоквиумот по КБ и Цитологија се смета за положен со минимум 3.5 од вкупно 7 бода.  Практичниот испит по АМР се положува со минимум 10 од можни 20 бода, а практичните колоквиуми со минимум 5 од можни 10 бода. Практичниот испит по ОГ се положува со минимум 7 од можни 14 бода. 


08 февруари 2021

Термини за внесување оценки во индекс и пријава за студенти кои имаат положено предмет кај проф. д-р Катерина Русевска

Терминиот за внесување оценки во индекс и пријава за студенти кои имаат положено предмет кај проф. д-р Катерина Русевска е 11.02.2021 од 12:30 до 13:30 часот во Миколошката лабораторија.


© 2026. Институт за биологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.