Известување за начинот и терминот на спроведување на Студентски избори 2020
Почитувани студенти,
Вe известуваме дека со оглед на состојбата со CoVid-19 и потребата за примена на мерки за справување со коронавирусот, собирите на студенти по Институти ќе се спроведат on-line, така што, тајното гласање за пријавените кандидати од соодветната студиска година со кое ќе се утврдат кандидатите за членови на Факултетското студентско собрание ќе се спроведе на 04.01.2021 година.
Сите студенти кои имаат право на глас (студентите кои уредно го запишале зимскиот семестар во учебната 2020/21 година), линк со гласачкото ливче ќе добијат преку iknow системот на 04.01.2021 година.
На изборите кои ќе се спроведат на ниво на Институти, секој студент има право на глас само за кандидатите за членови од неговата студиска програма и годината на студии во која студентот е запишан.
Гласањето за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ниво на ПМФ ќе се спроведе на 11.01.2021 година, така што, сите студенти кои имаат право на глас (студентите кои уредно го запишале зимскиот семестар во учебната 2020/21 година), линк со гласачкото ливче ќе добијат преку iknow системот на 11.01.2021 година.
На изборите на ниво на ПМФ, сите студенти имаат право на глас за претседател на ФСС и право на глас за сите кандидати за членови на ФСС.
Одлуката за распишување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ПМФ е објавена на web страната на ПМФ, во која се содржани сите потребни информации околу изборите.
Kомисија за спроведување на изборите за претседател и членови на факултетското студентско собрание на Природно-математичкиот факултет во Скопје
Прва испитна сесија во академската 2020/2021 година
Детални информации се достапни во прикачениот документ.
ВТОР КОЛОКВИУМ за група предмети кои се слушаат на КАТЕДРА ПО МИКРОБИОЛОГИЈА И МИКРОБНА БИОТЕХНОЛОГИЈА
ЈАНУАРСКО ФЕВРУАРСКА СЕСИЈА
Вториот колоквиум по предметот Анатомија на човек (теорија) ќе се одржи на 15.01.2020 во термини од 13ч до 14:00 и од 14:30 до 15:30
Распоредот на полагање ќе биде ист како и за првиот колоквиум. Студентите кои го презапишале предметот да го контактираат предметниот професор за распоредот на полагање, еден ден пред полагањето milica.ristovska@yahoo.com
Реакција на Природно-математичкиот факултет во врска со новата концепција за основно образование
Прикачениот документ ја содржи реакцијата на ПМФ - Скопје во врска со новата концепција за основно образование. Истата е испратена до Министерството за образование и наука.
Избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ПМФ
Почитувани студенти,
Вe потсетуваме дека пријавувањето на кандидати за членови на факултетското студентско собрание е во тек.
Сите заинтересирани студенти, од сите три циклуси на студии, кои го имаат запишано зимскиот семестар во учебната 2020/2021 година, својата кандидатура може да ја испратат на официјалниот е-маил на Факултетот pmf@pmf.ukim.mk најдоцна до 30.12.2020 година.
Во пријавата, освен име и презиме, задолжително треба да се наведе бројот на индекс и студиската програма на која е запишан студентот.
Одлуката за распишување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ПМФ е објавена на web страната на ПМФ, во која се содржани сите потребни информации околу изборите.
Kомисија за спроведување на изборите за претседател и членови на факултетското студентско собрание на Природно-математичкиот факултет во Скопје
ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВТОРИОТ ПИСМЕН КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ ОПШТА ГЕНЕТИКА (СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО)
Полагањето на вториот писмен колоквиум ќе биде на 28.12. (понеделник) и ќе се одвива во 2 групи, во 2 термина:
- од 10 до 12 часот;
- и од 13 до 15 часот.
Пријавувањето за полагање може да го направите на овој линк. Пријавувањето ќе трае најдоцна до 27.12, до 24:00 часот! Студентите треба уредно и навремено да се пријават.
Во случај во едната од групите да има поголем број на пријавени студенти, Катедрата го задржува правото да ги префрли последно запишаните студенти од групата со поголем број, во групата со помал број на студенти заради задржување на балансот и избегнување на гужви.
ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВТОРИОТ ПИСМЕН КОЛОКВИУМ ПО КЛЕТОЧНА БИОЛОГИЈА/ЦИТОЛОГИЈА (РАСТИТЕЛЕН ДЕЛ) СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО
Поради големиот број на студенти кои што го слушаат предметот Клеточна биологија/Цитологија, полагањето на вториот писмен колоквиум (за растителниот дел од предметот) ќе биде организирано во 4 групи, во 4 термина:
- 29.12. (вторник), 10-12 часот (БХФ насока);
- 29.12. (вторник), 13-15 часот (МБГ насока, 1, 2 и 3-та група);
- 30.12. (среда), 9-11 часот (НУТ насока, 1 и 2 група + МБГ 4)
- 30.12. (среда), 9-11 часот (НУТ 3 група + Наставна насока)
Студентите од претходните години кои што го презапишале предметот и сакаат да го полагаат колоквиумот, треба да се запишат во терминот за Нут 3 + Наставна, каде што има најмал број на студенти. Доколку дојде до нерамномерна распределба на бројот на студенти во групите, Катедрата го задржува правото да префрли одреден број на студенти од една група во друга, за да се запази балансот и да се избегне создавање на гужви.
Пријавувањето може да го направите на овој линк. Студентите треба да ги пополнат податоците во табелата соодветна за насоките и групите кои што се наведени погоре и да го остават својот мејл за контакт. Пријавувањето ќе трае најдоцна до 28.12., до 24:00 часот.